Новости

Занимливости

Монаси од будистички храм биле позитивни на дрога – Сега се на рехабилитација

Будистички храм во централниот дел на Тајланд остана без монах откако беше исчистено цело братство откако сите до еден беа позитивни на наркотици.

Во Тајланд изгледа монасите не се поддржуваат на правилата. Сите монаси на овој храм, биле позитивн на дрога.
Всушност, да не рпетеруваме, станува збор за четворица монаси, вклучувајќи го и главниот игумен на храмот во провинцијата Печабун, биле позитивни на метамфетамин, пренесува ABC.

Монасите биле испратени во специјализирана клиника за рехабилитација.

„Храмот сега е празен и населението е загрижено дека нема да има каде да се молат и да донесат приноси храна во знак на милосрдие“, изјави службеникот на провинцијата Бунлерт Тинтаптаи.

Сепак, верниците не се откажуваат, па во во храмот наскоро треба да пристигнат нови монаси за да остане отворен.

Инаку, според бројни истражувања, за жал, Тајланд е главна транзитна земја за метамфетамин што доаѓа од Лаос преку Мјанмар.

Уличната цена на една пилула е околу 0,74 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=70geT_sm_m8

Извор
Фотографија на насловна:Print screen /you tube

Евротип
SNBROKER
To Top