Новости

Занимливости

Морничави винтиџ фотографии – Што се случувало порано за време на велигденските празници?

Традицијата за фотографирање на децата заедно со Дедо Мраз за време на Божиќните празници ни е позната. Познато ни е и дека многу од нас, а многу и од денешните деца ги мразат тие фотографии од причина што се плашат од човекот со бела брада, голем стомак и црвена капа. Но, сепак тој тренд или традиција ги познаваме и не ни е воопшто чуден.

Но, погледнете што се случувало во минатото за време на христијанскиот празник ,,Велигден”. Наместо костимот на Дедо Мраз, се облекувал костим кој требало да ја има улогата на слатко зајаче, но некако нам не ни изгледа баш слатко судејќи по фотографиите. Повеќе би рекле ужас!

Но, едно е јасно. Нештата и не се многу променети судејќи по упорните ,,мамички” кои буквално ги уморуваат и присилуваат децата да позираат пред фотоапаратот или модерниот телефон кој убаво ќе беше да си ја завршува само првата функција. Да остане само телефон.

Но, да не навлегуваме во денешниот свет кој веќе станува патетичен, драматичен, проѕирен и се разбира фотошопиран. Погледнете како тој изгледал за време на овој христијански празник.

GOLD
To Top