Новости

Занимливости

Направи сам: Природно ѓубриво за цвеќе од само 3 состојки

Доаѓа пролетта, па идеално време е малку да ги освежиме билките во домот. Еве како да направите евтино природно ѓубриво за цвеќе од состојки кои веројатно веќе ги имате дома.

Познато е дека билките послабо опстануваат во зимскиот период поради високите температури во текот на греењето во домот. Затоа е потребно редовно да ставате вода и дополнително нахранување.

Овој рецепт за домашно природно ѓубриво ќе ви заштеди пари и време, а истовремено ќе биде корисно за вашите цвеќиња. Потребни ви се кора од банана, лушпа од јајце и кафе. Овие состојки содржат фосфор, калциум и калиум кои заедно во комбинација се одличен извор на кислород во земјата.

Ставете ги овие состојки во блендер, добро нека се измешаат и послужете ги во билките во вид на природно ѓубриво, ќе дејствуваат како витаминска бомба.

GOLD
To Top