Новости

Занимливости

Наскоро Симпсонови ќе откријат како ја предвидуваат иднината

,,Во претстојната епизода од анимираната серија, Симпсонови конечно ќе откријат како ја предвидуваат иднината.”, но ное би рекле дека е во прашање голем шоубизнис или можеби случајност која придинесе уште поголема популарност на серијатао создадена од Мет Гронинг.

Имено ,,Симпсинови” е во етерот повеќе од три децении и првпат се емитуваше на 17 декември 1989 година, што ја прави најдолгата американска телевизиска серија во ударен термин.

,,Од предвидување на кризата на трошоците за живот во Обединетото Кралство до Доналд Трамп како претседател на САД, па дури и пандемијата на Ковид, авторите како да јасно знаат нешто што ние не знаеме” – пишува cdm.

Сценаристот и продуцент на серијата, Мет Селман, неодамна изјави за Deadline дека претстојната епизода од 34-та сезона ќе открие сè.

Имаме уште еден луд концепт на епизода која објаснува како Симпсонови ја знаат иднината. Тоа е концептуална епизода со многу луди работи во неа, но објаснува како можам да ја предвидам иднината“, рече тој.

Зборувајќи за тоа како после толку време продуцентскиот тим успева да ја одржува серијата толку свежа, Селман рече:

Тоа е нашиот најголем креативен предизвик, да се погрижиме секоја епизода да биде единствена и посебна и да има нешто свежо да каже.

Не можете само да ги вкрстувате емотивните семејни приказни бидејќи веќе сте ги кажале тие емотивни семејни приказни. Но, мора да имате нешто ново да кажете за надворешниот свет или да истражите нов аспект на врската кој е поконкретен и поинтересен“, додаде тој.

Евротип
SNBROKER
To Top