Новости

Занимливости

Научниците мислат дека откриле кога Сонцето ќе „експлодира и ќе умре“, а ние заедно со него

Сонцето е извор на енергија. Сте размислиле ли што може да се случи ако тоа не постои или каква би била неговата смрт. Премногу морбидни сценарија и претпоставки би излегле околу ова прашање, но научниците сметаат дек ја знаат вистината. Тие успеаја да откријат неколку клучни точки за иднината на Сонцето, вклучувајќи го и крајот на неговата сегашна животна фаза.

Нашето Сонце не е старо како другите ѕвезди. Сепак, научниците веќе се обидуваат да утврдат кога точно ќе умре сонцето или кога е крајот на неговата сегашна животна фаза.

Кога ќе умре сонцето?

Додека има уште трилиони години до целосната смрт на Сонцето, некои научници веруваат дека сегашната фаза од животниот циклус на Сонцето ќе заврши за пет милијарди години од сега.

Во тој момент, масивната ѕвезда во центарот на нашиот Сончев систем ќе „изеде“ поголем дел од нејзиното водородно јадро. Всушност, Сонцето како што го знаеме ќе умре. Кога тоа ќе се случи, сонцето ќе стане црвено. Ќе престане да генерира топлина со нуклеарна фузија. НАСА вели дека јадрото ќе стане нестабилно и дека ќе се собере, пренесува Bgr.com.

Кога јадрото ќе почне да станува нестабилно, надворешните слоеви на Сонцето ќе се прошират. Тоа проширување на крајот ќе ги проголта Меркур и Венера. Покрај тоа, суровите соларни ветрови од Сонцето ќе ја погодат Земјата, лишувајќи ја од магнетното поле што ја создава нејзината атмосфера.

Тоа е страшно време за размислување, особено за секој живот – човечки или нечовечки – што би можел да остане сите тие години од сега па натаму. Секако, има и други закани од Сонцето пред тоа да се случи.

Но, иднината на Земјата е мрачна и пред тоа

Додека идејата за смртта на сонцето е застрашувачка, постои шанса и човештвото да не биде или да не стигне да го доживее токму тој момент.

Според научниците, океаните на Земјата ќе испаруваат поради енергијата од Сонцето за милијарда години од сега. Во тоа време, светлината на сонцето исто така ќе се зголеми за околу 10 проценти. Постојат и други закани за климатските промени кои исто така треба да се разгледаат.

Научниците велат дека иднината на Земјата е мрачна. Можеби затоа многу луѓе се фокусирани на патување во вселената и планираат и проучуваат како би било да живееме на други планети.

Извор: telegraf.rs

Евротип
SNBROKER
To Top