Новости

Занимливости

Научниците предупредуваат: Можни драматични промени на огромен глечер на Антарктикот

Иако е малку веројатно дека такво сценарио за поплава и суден ден ќе се случи во наредните векови, истражувачите предупредуваат дека огромен глечер на Антарктикот, веќе реагира многу брзо на глобалното затоплување.

Научниците предупредуваат дека драматични промени може да се случат во следните пет до 10 години на еден од најголемите глечери на Антарктикот.

Истражувачите тврдат дека пловечкиот дел пред глечерот, кој досега бил релативно стабилен, би можел „да се скрши како шофершајна од автомобил“, додека американски и британски научници работат на интензивна студија за динамиката на топењето, јавува Би-Би-Си.

Иако околу 50 милијарди тони мраз се топат во океаните секоја година, тековните настани имаат ограничено влијание на глобалното ниво на морињата, но целосното топење на глечерите може да го зголеми нивото на океаните за 65 сантиметри.

Иако е малку веројатно дека такво сценарио за поплава и „суден ден“ ќе се случи во наредните векови, истражувачите предупредуваат дека глечерот веќе многу брзо реагира на глобалното затоплување и предвидуваат лоши сценарија, предупредуваат драматични промени што ќе се случат на предниот дел на глечерот, веројатно за помалку од десет години.

Извор: telegraf.rs

Евротип
SNBROKER
To Top