Новости

Занимливости

Најчудните и бизарни обичаи за венчавки низ светот!

Љубовта се слави на различни начини ширум светот. Некои се чудни, дури и вознемирувачки, па и бизарни. Еве неколку од нив.

*Во некои делови на Кина, од младите се бара да плачат најмалку еден час секој ден цел месец пред да стапат во брак.

*Слично е и во Конго, каде што е пожелно невестата и младоженецот да останат сериозни за време на свадбената церемонија, бидејќи ако се насмевнат, значи дека не ја сфаќаат доволно сериозно својата венчавка. Дури со заминувањето на меден месец, радоста може да започне.

 

*Во некои делови на Индија, бракот е прашање на живот и смрт, бидејќи се верува дека одредени девојки се родени под несреќна sвезда и дека тоа ќе им донесе смрт на нивните сопрузи. Меѓутоа, ако една девојка прво ,,се омажи за дрво” и го исече пред да се омажи за избраниот од нејзиното срце, проклетството ќе биде укинато.

*Симболиката игра голема улога во свадбените прослави низ целиот свет, така што Африка не е исклучок. Некои парови вклучуваат таканаречени 12 симболи на животот во своите свадбени церемонии за да ги потсетат на сето она што следи во бракот.

*Во Ирска има многу обичаи за венчавки кои започнуваат пред, за време и по свадбената церемонија. Ова вклучува ставање шест пени во една од чевлите на невестата и вметнување потковица во бидермаер, со цел да се повика среќата во идниот брак.

*Забавувањето пред венчавката е одлично, но овој ритуал пред свадбата во Шкотска не изгледа премногу забавно за невестата. Обичајот вклучува гаѓање на младите со расипана храна, најчесто со јајца, расипано млеко и слично.

За да биди уште полошо, таканаречената поцрнета невеста оди низ градот. Овој обичај е метафора за тешкиот живот низ кој може да помине невестата по свадбата. Оваа традиција е подготовка за ново поглавје во животот, бидејќи откако ќе го поминете тоа искуство, сите брачни проблеми ќе изгледаат ситни.

Евротип
Евротип
To Top