Новости

Занимливости

Најбогатите луѓе во светот за еден ден изгубија 206 милијарда долари

Најбогатите луѓе во светот со денови имаат загуби поради колапсот на пазарот пред новата објава на Федералните резерви поврзана со каматните стапки.

Индексот на милијардери на Bloomberg покажа дека 500 од најбогатите луѓе во понеделникот останале без 205 милијарди долари.

Гледајќи ги само петте најбогати луѓе во светот, вкупните загуби изнесувале повеќе од 345 милијарди долари во 2022 година. Првите пет најбогати луѓе според Bloomberg се извршниот директор SpaceX и Tesla Илон Маск, основачот на Amazon Џеф Безос, шефот на LVMH Бернар Арно, коосновачот на Microsoft Бил Гејтс и директорот на Berkshire Hathaway Ворен Бафет.

Загубите кои милијардерите ги пријавија годинава се спротивни на она што се случи во 2021 година, каде огромниот раст на акциите донесе 8 проценти богатство на поединци.

Евротип
SNBROKER
To Top