Новости

Занимливости

Најнеобичните начини на поздравување во светот

Ако често патувате, сигурно сте биле сведоци на „чудни“ обичаи, начини на поздравување, покажување почит. Дали знаете како ќе ве поздрават Филипинците, како ќе ве поздрават Тибетанците и како ќе ве поздрават Ескимите?

Еве неколку невообичаени начини на поздравивање:

1. Тибет: Испружување на јазикот

Ако го испружиш јазикот на Тибет, нема да испаднеш груб. Всушност! Традицијата датира од 9 век, кога владеел непопуларниот крал Ланг Дарма, познат по својот црн јазик. По неговата смрт, некои Тибетанци (главно свештеници) почнаа да ги ползат своите јазици при пристигнувањето и поздравувањето, за да потврдат дека тие не се реинкарнација на омразениот крал.

2. Филипини: Голем наклон пред постарите лица

Традиционалниот поздрав на старите лица на Филипините се состои од поклонување и притискање на десната рака на челото. Се изговараат зборовите Мано (рака) и По (почит). Понекогаш е проследено со нежно тапкање по рамото.

3. Бакнеж Ескимо: не би поминал во ерата на социјална дистанца

Она што го знаеме како „ескимски бакнеж“ е всушност традиционален поздрав наречен Куник. Најчесто се користи помеѓу членовите на семејството и саканите, а се препознава со триење на носот.

Се верува дека е создаден од практични причини, бидејќи нивниот нос бил најекспонираниот дел од телото (затоа што лицето често се „крие“ под дебела качулка). Но, можете да најдете сличен гест во делови на Нов Зеланд и Хаваи, каде што се допираат со носот.

4. Јапонија

Јапонскиот поздрав веќе го знаеме од популарната култура – тоа е мал наклон со рацете до телото. Но, кога странците ќе се најдат во Јапонија, тие се уште остануваат збунети и вкочанети. Колку длабоко треба да се поклонам? Колку долго треба да останам во таа позиција? Дали изгледам чудно или смешно?

Без грижи, јапонците се свесни за туристичката конфузија и незнаење за гестовите, па затоа го земаат здраво за готово. Понекогаш е најдобро да се скрати болката и да се подаде рака, но пољубезно и побезбедно е да се чека нивниот прв чекор, пишува Punkfunker.

5. Боцвана

Поздравувањето во Боцвана е цела серија чекори. Прво: класично ракување со десна рака.

Но, пред да ја отпуштите раката, подигнете ја во воздух (другата личност го прави истото) и раширете ја дланката, земете ја повторно, спуштете ја, повторно стиснете ја раката, извртувајте ги прстите и држете ги, „чешлајте“ ги палците и потоа одделете ги рацете и ставете ја десната рака на левото рамо.

Ние за овва последново, би се пошегувале: ,,Додека да се поздравиш…си отиде муабетот! ”

Евротип
Евротип
To Top