Новости

Занимливости

Најтажното збогување – после 62 години во брак, неизбежно е да ги разделат

Љубовта навистина постои, а овие двајца се доказ за тоа. Осумдесет и три годишниот Wolf Gottschalk и неговата жена Anita која има осумдесет и една година, се во брак од 1954 година. Се вљубиле како тинејџери и во нивните дваесетти, стапиле во брак. Од тогаш, тие немаат поминато ни еден ден еден без друг.

Но, староста си го направи своето па на сопругот на Атина му е дијагностицирана деменција. После ова, целото семејство е уплашено дека тој ќе ја заборави неговата сопруга ако таа не ја гледа покрај него. И Аnitа и тој се сместени во старечки дом, но во различни установи, затоа што местата се пополнети. Но, и покрај нивната старост и болести, Аnita секој ден го посетува нејзиниот партнер. Сите нивни средби ги поминуваат низ солзи, свесно знаејќи дека можеби тој ќе заборави за нивната љубов. Но, тие не се откажуваат, а не се откажуваат и нивните најблиски.

Ова семејство се бори за љубовта до крај, па нивната внука дури се откажала од својата работа, само за да и помогне нејзината мајка во грижата за нејзините родители и само за да можат да ја носат Аnitа на посета кај нејзиниот сопруг. Сите, вклучувајќи го и целиот медицински персонал, се восхитуваат на нивната љубов и низ солзи ја гледаат и посакуваат оваа љубовна приказна која одново не тера да веруваме дека љубовта навистина постои.

За повеќе информации, прочитајте на линкот.  

Евротип
Евротип
To Top