Новости

Занимливости

Најчудните традиции низ светот кои повлекуваат едно големо ,,Зошто?!”

Секоја земја си има своја традиција, обичаи. Можеби и нашиве адети за некои се бизарни, но подолу во редовите ќе прочитате навистина чудни обичаи, традиции и начини на живеење кои се далеку од нашите сфаќања. Ви претставуваме само некои од нив кои не носат до прашалното:,,Зошто и чија била идејата?”

 

*Постојат земји каде вперувањето прст кон некого или нешто не е паметно, како што се Индонезија и Малезија, каде овој гест се смета за многу навредлив. Наместо тоа, покажувањето на палецот е поприфатливо. Во многу африкански земји, покажувањето со прст е дозволено само кон предмети, не кон луѓе.

*Според многу чудна германска традиција, пред венчавката, пријателите и семејството на невестата и младоженецот се собираат да ги кршат садовите. И тогаш невестата и младоженецот треба да го исчистат целиот тој хаос. Оваа традиција имла цел да им покаже на сопружниците за важноста на единството и напорната работа, неопходна за успешен. Веројатно да ги потсети дека ако некогаш во караница искршат се, сами ќе треба да си исчистат зад нив.

*Секоја култура има свои обичаи на поздравување. Културите во Латинска Америка го делат обичајот на бакнување во образ како прифатлива форма на поздравување. Сепак, Французите го однесоа на едно ново ниво. Правилата за бакнување варираат помеѓу мажи и жени, а бројот на бакнежи потребни за поздрав исто така варира од регион до регион. Французите ја бакнуваат и поздрават секоја личност што ќе пристигне на собирот, без разлика дали ја познаваат или не.

*Да се ​​забавувате пред венчавката е одлично, но овој ритуал пред свадбата во делови од Шкотска не изгледа премногу забавен за невестата. Обичајот вклучува удирање по невестата со јајца, расипано млеко и во основа со сите оние работи што ќе ја ја направат и не толку атрактивна. Тогаш таканаречената ,,поцрнета невеста” оди низ градот. Овој обичај е метафора за тешкиот живот низ кој невестата може да го помине после венчавката. Оваа традиција е подготовка за ново поглавје во животот, бидејќи откако ќе го поминете тоа искуство, сите брачни проблеми ќе изгледаат ситни.

*Во Кина се верува дека ако бос маж носи бремена жена преку врел јаглен, таа ќе има лесно породување. Физичката болка на сопругот во замена за безболно раѓање.

*Во Боливија е непристојно да се зборува за работа за време на социјални собири, како што се свадби или вечери. Се смета дека дружењето на маса има за цел да ги збогати личните односи, а не да прави договори. Значи тука не постои нашето:,,Од кафана излегва бизнисО”!

*Дали сте чуле за шампионатот во правење на најсмешни изрази на лицето во Англија? Овој смешен фестивал е важен дел од руралната англиска традиција што се слави од 1267 година. Во Англија, имаше дури и Светско првенство во Гурнинг, каде учесниците прават што е можно повеќе гротескни гримаси.

*Иако гробиштата се плашливи и тажни места за повеќето луѓе, тоа не е случај во Данска, чии жители ги сметаат за соодветни места за дружење. Во текот на летото, гробиштата во оваа земја се полни со луѓе кои споделуваат пијалоци со пријателите, но и со предците.

Евротип
SNBROKER
To Top