Новости

Занимливости

На вработениот, по грешка му платиле 165 милиони долари и побарале да ги врати парите: Се согласил, но потоа се предомислил!

Во една од најголемите компании за преработка на месо во Чиле, на вработениот случајно му е исплатена милионска сума наместо вообичаената плата, која изнесува 500 долари.

Фирмата откако ја согледала грешката, побарала од вработениот да му се вратат парите, а тој првично се согласил, но изгледа размисил подобро и ја искористи „шансата“, па побегнал.

Откако наместо вообичаените 500 на сметката имал 165.398.851 долар, работникот преку адвокат го раскинал договорот за работа и исчезнал.

Грешката во компанијата „Consorcio Industrial de Alimentos“ ја забележал секторот за човечки ресурси на 30.05.2022 година и го известил работникот дека е платен повеќекратно од платата и побарал од него да оди во банка и да го врати пари.

Работникот ветил дека ќе го стори тоа веднаш следното утро, но откако тој ден излегол од работа, повторно не одговорил. На 2 јуни неговиот адвокат ја известил компанијата дека го раскинува договорот за вработување.

Се разбира, компанијата поднела тужба против нивниот вработен, а што ќе се случи понатаму и дали тој поворо ќе се согласи на првичниот договор, останува голем знак прашалник.

Во прашање е среќа или чесност?

Евротип
SNBROKER
To Top