На ова место разводот е забранет, па од тука „додека смртта не не раздели“ се спроведува буквално!

Земја во која принципот „додека смртта не не раздели“ се спроведува буквално
Не можете да поднесете барање за развод на Филипините. затоа што тоа е единственото место во светот во кое се негира разводот.
Црквата го гледа бракот како свет завет, а филипинскиот устав го поддржува како институција што треба да се заштити. Црквата верува дека никој не може да го скрши она што Бог го соединил преку брачната заклетва.
Многу пратеници се залагаа за закони за развод на Филипините, но тие беа блокирани од страна на политичари кои имаат конзервативни ставови за бракот.
За утеха, филипинскиот устав нуди законско раздвојување и поништување на брачната заедница како алтернатива на разводот, но тоа не е развод по дефиниција.
Законски, сопружниците можат да се разделат само ако има физичко малтретирање во заедницата или ако алкохолизмот и употребата на дрога станат горливи брачни проблеми. Потоа, иако се законски разделени, сопружниците можат само да ги прекинат своите брачни обврски, вклучително и заедничкиот живот. Сепак, парот се уште е во брак во очите на законот, па легално разделените парови не можат повторно да се венчаат.
Можете ли да замислите дека мажите кој сакаат да се преженат, мора да бараат „одобрување“ од сопругата, иако со години се разделени. Од друга страна, жената мора да го користи презимето на нејзиниот сопруг во сите документи и покрај тоа што е разделена од нејзиниот сопруг.
Иако не мал број Филипинци ја поддржуваат легализацијата на разводот, сепак Католичката црква, конзервативците и некои партии се незадоволни од идејата. Со оглед на нивното силно влијание во општеството, останува да се види дали работите ќе тргнат од мртва точка.
