Новости

Занимливости

Четири заблуди за чоколадото – Тоа не е и толку штетно, колку што мислиме, но сепак не се опуштајте!

Експертите велат дека некои тврдења за чоколадото сепак не се точни, иако во многу ситуции се обидуваме да му одолееме на ова слатко задоволство бидејќи сметаме дека тоа е штетно, а особено го избегнуваме кога сме на диета. Откријте неколку заблуди за чоколадото во следните редови.

1. Чоколадото е штетно за нашиот организам

„Можеби е тешко да се поверува дека нешто што има толку добар вкус, како чоколадото, не е лошо за вас“, вели извршната директорка на NY Nutrition Group, Лиса Московиќ.

Таа понатаму вели дека чоколадото, особено темното чоколадо, содржи здрави хранливи материи, вклучувајќи железо и антиоксиданси, кои помагаат во борбата против стресот, пишува Eat This, Not That.

 

2. Ако сакате да ослабете, заборавете на чоколадото

Експертите тврдат дека можете да јадете се и во исто време да ги изгубите несаканите килограми. Она што навистина е важно е колку порции јадете и колку често. Така чоколадото може да се конзумира редовно, само треба да внимавате на препорачаниот внес на калории.

3. Лесно може да предизвика покачување на шеќерот во крвта

Чоколадото содржи преработен шеќер, но содржи и влакна и антиоксиданси. Ако сакате чоколадо, но се плашите од скок на шеќерот во крвта, изберете темно или чоколадо со малку шеќер, советуваат експертите.

4. Чоколадото предизвикува акни

Иако шеќерот може да ја влоши постоечката состојба кај луѓето склони кон акни, нема докази дека чоколадото е нивниот главен предизвикувач. Тоа е под влијание на бројни фактори како што се хормоните, типот на кожата, генетиката, возраста, негата на кожата и надворешните фактори, велат експертите.

Overweight businesswoman at desk enjoying eating chocolate on white.

Евротип
SNBROKER
To Top