Новости

Занимливости

Необична и застрашувачка ситуација – Во Кина паѓале дронови од небото

Спектакуларната изведба на беспилотни летала на ноќното небо над еден кинески град, брзо се претворила во кошмар кога одеднаш почнале да паѓаат дроновите врз насобраната толпа, според Vice.

 

Видеата што се шират како пожар на социјалните мрежи, прикажуваат „рој“ дронови кои изведуваат небесно шоу, додека во еден момент тие не почнуваат да губат ,,рамнотежа” и еден по еден да паѓаат врз насобраната толпа луѓе, (околу 5.000), меѓу кои, наводно, иѓало и многу деца.

На снимката се гледа како луѓето бегаат за да избегнат да бидат погодени од дроновите.

Во шоуто беа вклучени околу 200 дронови. Заедно со оние кои завршија на земја, некои избегаа од контрола и полетаа во непознат правец, други удрија во дрвја и останаа заглавени таму.

Целиот инцидент бил пријавен во полиција затоа што наводно организаторите обвиниле конкурентски производител на дронови дека се мешал сакајќи да ги уништи. Според еден од т.н. сценска екипа, конкурентите наводно го преоптовариле системот за навигација со беспилотни летала со еден вид хакерски напад, поради што организаторите изгубиле контрола над дроновите, но како и да е, истрагата е во тек.

 

Евротип
Евротип
To Top