Новости

Занимливости

Необична уметност – 3Д портрет на Никола Тесла направен од електронски уреди!

Патрик Прошко е чешки уметник кој користи разновидни материјали за своите уметнички инсталации. Пред шест години, тој му го откри на светот својот 3Д портрет на Никола Тесла, кој е направен исклучиво со помош на електронски уреди, каков што може да се најде во просечен дом или канцеларија.

Лицето на познатиот пронаоѓач може да се види само кога се гледа директно во инсталацијата, додека телевизорите, микробрановите печки, компјутерите, машините за перење и другите електронски уреди што се користат во неговото производство, може да се видат и од други агли. Погледнете во видеото подолу како изгледа овој фасцинантен 3D портрет на Никола Тесла.

СН Брокер
To Top