Новости

Занимливости

Непродаденото пиво почнува да се фрла

Германските пивари се присилени да го фрлаат непродаденото пиво, и од таа причина побарале финансиска помош од држава, соопштено е денеска од Здружението на пивари.

Германските кафулиња, хотели и ресторани затворени се од ноември, а пивниците ја повикаа државата да им помогне финансиски во склоп на програмата со која се помага на разни индустрии да ја надминат кризата предизвиката од пандемијата.

Владата веќе им помогнала на кафулињата, но не и на пивниците.

„Од недела во недела се повеќе пивари, пабови и специјализирани продавници за пиво, се соочуваат со егзистенциска закана, иако не е нивна вина, се третираат несоодветно“, велат од асоцијацијата која има 300 пивари, пренесува „Ројтерс“.

GOLD
To Top