Новости

Занимливости

Ни го одбележаа детството, а малкумина ги знаат нивните вистински имиња – Кои се всушност Том и Џери!

Цртаниот филм „Том и Џери“ е направен во далечната 1940 година. Од 1940 до 1958 година, МГМ произведе 114 од овие цртани филмови.

Во меѓувреме, овој цртан филм доживеа голем број телевизиски реинкарнации, а со текот на годините се снимени и неколку играни филмови за авантурите на популарните мачка и глушец (Том и Џери).

И покрај тоа што хероите на цртаниот филм се светски познати, речиси малку луѓе, но и деца ги знаат вистинските имиња на Том и Џери. Односно, овие две имиња не се вистинските имиња на овие анимирани ликови.

Во новата видео игра MultiVersus пишува дека целосното име на Том е „Томас Џаспер Кeт Постариот“, додека Џери навистина го нарекуваат „Џералд Џинкс Маус“. Значи заклучокот – Том и Џери се само прекари!

Обожавателите на овие цртани ликови, на Твитер, биле многу збунети кога дознале за оваа информација, па еден од нив се запрашал: „Ако името на мачката на Том кажува дека е „постар“, тогаш каде се неговите деца?”

Според веб-страницата CNET, кога цртаниот филм ,,Том и Џери” првпат дебитираше на телевизија пред повеќе од 80 години, неговите главни ликови беа наречени Џаспер и Џинкс.

Евротип
SNBROKER
To Top