Новости

Занимливости

Новиот Супермен е бисексуалец?!

Американската издавачка куќа „DC Comics“ на денот на подигање на свеста за ЛГБТК + популацијата објави дека новиот Супермен е бисексуалец, и дека во фокусот на новиот број на стрипот ќе биде љубовната врска помеѓу тој суперхерој и новинарот.

Размислувајќи за тоа како би изгледал Супермен денес, Том Тејлор, креатор на серијата стрипови „Супермен смета дека ова е правилна одлука.

Според Тејлор, уште пред да ја претстави идејата за Џон Кент како бисексуалец, му било кажано дека „DC Comics“ веќе размислува за таа идеја.

„Имаше навистина голема промена во последните неколку години – пред пет или 10 години, ова ќе беше многу потешко, но сега идејата е прифатена“, објасни Тејлор.

Реакциите на луѓето на оваа вест, вели тој, биле многу позитивни.

„Имаше луѓе што плачеа кога ја читаа оваа вест, како и оние кои велат дека не можеле ни да замислат дека во својот живот ќе го видат Супермен, најмоќниот суперхерој на стрипот, како нив“, истакна Тејлор.

Како што беше најавено, во Ноември се очекува ново издание на стрипот, пренесува Tanjug.

Извор: vjesti.me

Евротип
Евротип
To Top