Новости

Занимливости

Нов рекорд во Гинис – Најстарите еднојајчани близнаци имаат по 107 години и еве од каде потекнуваат

Овие јапонки го соборија Гинисовиот рекорд како најстари еднојајчани близнаци.

Умено Сумиама и Куме Кодама имаат 107 години и го соборија рекордот поставен од починатите јапонски сестри близначки Кин Нарита и Џин Кани.

Умено и Куме, се опишуваат како социјални жени и се родени на 5 Ноември 1913 година, на островот Шодошима, Јапонија.

На ,,Денот на почитувањето на старите лица”, национален празник во Јапонија, овие близначки официјално станаа рекордери.

Поради моменталната ситуација со пандемијата на корона вирусот, и мерките за претпазливост, од сестрите, кои живеат во различни делови на Јапонија, беа испратени официјални потврди.

Извор: telegraf.rs

Евротип
Евротип
To Top