Новости

Занимливости

Оваа држава постои, но никој не ја признава

Оваа територија некогаш и припаѓала на Советската Социјалистичка Република Молдавија, а нејзиното име е Приднестровие. Моментот кога Молдавија се стекна со независност од Советскиот Сојуз во 1990 година, таа го виде тоа како поттик и заедно со руското мнозинство го побара истото од Молдавија.

Војната траела четири месеци и однесе околу 1.500 жртви, а заврши со примирје кое е во сила и денес. Оттогаш, Молдавија нема контрола над властите во Приднестровие, која работи како независна земја. Сепак, ниту една друга нација во светот не ja признава Приднестровие како независна земја.

Таа печати свои пари и издава пасоши, но никој не ги признава надвор од нејзините граници. Во ова земја, дури и интернетот е ограничен, а само неколку места прифаќаат кредитни картички.

Градот Бендер е втор по големина и се наоѓа во близина на границата со Молдавија. Во него има тврдина, која била изградена во времето на Отоманската империја и е стара околу 600 години.

Главниот град на непостоечка држава нуди поглед на остатоците од советско време. Приднестровие е единственото место во Европа каде што можат да се видат комунистички симболи, на оригинални места. Станува збор за статуата на Ленин, непосредно пред парламентот, додека улиците и авените се именувани по Маркс, Енгелс и Гагарин.

На „you tube“ постои видео кое од своја страна ги објаснува работите за оваа „земја што не постои“, а истото може да го погледнете подолу.

Евротип
SNBROKER
To Top