Новости

Занимливости

Оваа мачка на Инстаграм е попопуларна и од холивудските ѕвезди!

Благодарение на интернетот и социјалните мрежи, многумина станаа sвезди преку ноќ, па нивните животи радикално се променија. Светската слава навистина не и значи многу, но нејзиниот живот значително се промени откако стана најпопуларната мачка на светот.

Станува збор за мешавина од сијамска мачка, по име Нала, која собра неверојатни 4,3 милиони следбеници на Инстаграм и официјално стана најпопуларна мачка на оваа мрежа.

Гинисовата книга на рекорди додаде нова категорија – мачката со најмногу следбеници на Инстаграм и Нала влезе како прв рекордер.

Патем, нејзината приказна започна скромно. Нала била посвоена од прифатилиште за животни кога имала само пет месеци и денес живее со нејзините сопственици во Лос Анџелес.

Не требаше долго за сопственикот на оваа симпатична мачка да сфати колку е фотогенична.

Така го отвори својот профил на Инстаграм, а останатото е историја.

GOLD
To Top