Новости

Занимливости

Ова девојче има само 9 години и коефициент на интелегенција како Ајнштајн!

Адара Перез е девојче од Мексико кое на 3 годишна возраст и било дијагностицирано аутизам, а за време на деновите во основното училиште, тоа доживеало траума.

Имено останатите деца од училиштето мислеле дека е многу чудна, постојано ја задевале и се однесувале насилнички, па последователно таа се повлекла во себе и станала депресивна. Но, овие настани и токму ваквата ,,презентација” на депресија, ја натерале мајката на Адара да оди на психијатар, по што било откриено дека девојчето било генијалец.
Психијатарот и препорачал на Адара да оди во Центарот за грижа за таленти, каде што беа извршени разни тестови за интелигенција.

На сите овие тестови, таа постигнала резултат 162. За споредба, се верува дека Ајнштајн и Хокинг имале 160.

Девојчето завршило средно училиште кога имала само осум години и сега работи на својата диплома преку Интернет. Покрај тоа, девојчето пишува книга.

Сега има девет години и студира на два факултети: едниот за инженерство и другиот за индустриско инженерство по математика. Во Аризона и било понудено место да студира астрономија, а сега таа се посвети кон изучување на англискиот јазик, за да може да го оствари својот сон.

Евротип
SNBROKER
To Top