Новости

Занимливости

Ова езеро е најуникатно во светот! – Погледнете зошто е тоа така

Езерото Накуру, кое е дел од истоимениот национален парк во Кенија, е дом на неколку видови диви животни како носорози, зебри, жирафи, лавови.

Сепак, поради еден вид животни, ова место е најуникатно на Земјата.

Накуру, солено езеро во Големата долина, јужно од кенискиот град Накуру, е познато по големиот број алги кои привлекуваат милиони фламинга.

Експертите проценуваат дека секоја година Накуру го посетуваат еден до два милиони од овие розови птици, кои создаваат чудесни сцени на површината на водата.

Националниот парк во кој е сместео и езерото Накуру, е основан во 1961 година на површина од 188 км2.
Инаку, фламингото јаде годишно околу 250.000 килограми алги на хектар езерска површина.

Сепак, за жал, загадувањето и сушата полека ги уништуваат алгите со кои се хранат фламинга, предизвикувајќи нивни миграции кон околните и блиските езера.

GOLD
To Top