Новости

Занимливости

Овие бои привлекуваат пари! – Фенг Шуи совети

Пари! Пари! Пари! Но, како до нив?! Многу луѓе веруваат и се поткрепуваст на овие совети, па ско веќе се сте пробале и никако ,,не оди”, не е на одмет уште оваа предлог варијанта! Дали ќе ви паѓаат парите од небо? Не веруваме, но ете што тврди оваа филозофија.

Инаку, оваа древна кинеска уметност на живеење, ја следат многу луѓе ширум светот. Меѓу другото, според Фенг Шуи, секоја боја има своја енергија и вибрации кои привлекуваат некои други работи – како што се љубов, здравје, пари и многу други животни фактори. Но, конкретно овој пат, зборуваме за богатство и моќ. Па нејзините совети ги следат многу богати и славни луѓе ширум светот. Не велиме дека се е до парите, ама штом сте запнале да научите…

Еве кои бои треба да ги носиме за да привлечеме пари според Фенг Шуи:

1. Црвена
Луѓето кои носат црвено се претставуваат како силни луѓе полни со самодоверба. Црвената боја е позната по привлекување богатство и луксуз, и многу брзо ја неутрализира негативната енергија.

Античките Кинези секогаш чувале пари во црвени паричници затоа што, според античкото верување на Фенг Шуи, оваа боја привлекува уште повеќе пари во животот и обезбедува просперитет.

Исто така, црвената боја во Кина може да се види скоро на секој чекор. Од мебел до разни украси и облека во црвено. И еден од чекорите е светло црвениот кармин или црвениот лак (кај жените) – кога плаќате билет за лотарија или одите на важен деловен состанок.

2. Зелена

Зелената боја, според Фенг Шуи, е одличен избор за нов почеток. Може да биде основа на нешто пријатно и просперитетно, без оглед на приказната што стои зад вас.

Зелената боја е веднаш зад црвената како симбол симбол на богатство, духовно и материјално.

3. Виолетова

Богатите, длабоки нијанси на виолетова боја асоцират и придонесуваат за т.н. кралско уживање во вашиот дом, без разлика дали станува збор за облека или украс во домот. Оваа боја е симбол на елеганција, богатство и духовност на високо ниво. Виолетовата боја можете да ја нагласите во деловите од куќата кои се свртени кон југоисток и север.

4. Жолта
Тоа е боја што ја поттикнува креативноста кај секого. Полна е со позитивна енергија и може да го подобри расположението на сите. Оваа боја носи многу можноти и позитивните промени се видливи многу брзо. Носењето жолто во важни животни ситуации може да ви донесе многу пари.

Евротип
SNBROKER
To Top