Новости

Занимливости

Овие луѓе се покреативни и повеќе склони кон алкохолизам! – Интересни факти за левичарите!

Околу 12 проценти од светското население се левичари, велат статистиките. Докажано е дека сигурно ќе има уште повеќе ако децата како деца не научат од родителите да пишуваат со десна рака.

Светот е подобро адаптиран за оние кои се дефинираат како десничари, така што тие честопати наидуваат на бројни тешкотии.

Еве неколку неверојатни факти за левичарите:

*Често се склони кон проблеми со алкохолот.

*Близнаците се двојно почесто леваци од општата популација.

*Левичарите се почесто мажи.

*Меѓународниот ден на леваците се слави на 13 Август, а традицијата започнала во 1996 година.

*Левичарите живеат во просек девет години пократко од луѓето со десна рака.

*Животните можат да бидат и „левичари“. Тие почесто ја употребуваат и користат левата рака или нога. Оваа особина е забележана најповеќе кај кенгурите и 90 проценти од папагалите.

*Најпознати левичари се Наполеон, Микеланџело, Алберт Ајнштајн, Исак Њутн, Бил Гејтс, Принц Вилијам, Дејвид Боуви, Џим Морисон, Курт Кобејн, Барак Обама, Анџелина Џоли, Џими Хендрикс, Лејди Гага.

*Овие луѓе имаат поголем коефициент на интелигенција отколку десничарите, се покажало во бројните студии.

*Предвремено родените бебиња се почесто левичари отколку десничари.

*Левичарите се понеодлучни и плашливи од десничарите, потврдија студиите.

*Долго време се мислеше дека тие се покреативни отколку десничарите, но новите анализи ги натераа експертите да заклучат дека е многу тешко да се измери креативноста доживотно и дека во споредба со десничарите нема голема разлика , пишува 24.sata.hr.

*Левичарите влегуваат во пубертет четири до пет месеци подоцна од десничарите.

*Бремените жени во 40-тите години имаат поголема веројатност да раѓаат левичари отколку бремените жени во 20-тите години.

*Почесто страдаат од алергии, астма, епилепсија.

*Тие се подобри во мултитаскинг отколку десничарите и постигнуваат подобри резултати од десничарите во некои спортови како што се тенис и бокс.

Евротип
Евротип
To Top