Новости

Занимливости

Овие патики станаа најпродавани во светот благодарени на најпопуларната серија на Netflix

Јужнокорејската серија Squid Game, која во моментов е голем хит на Нетфликс, успеа да направи влијание врз тоа како се облекуваме. Имено, доколку ја следите оваа возбудлива серија, сигурно сте забележале дека ликовите во неа, кои се натпреваруваат за пари во играта на животот и смртта, носат бели патики, кои ги ставаат на нозе без врзување.

Се разбира, тоа е модел што навистина не постои, но сепак е можно да се добие доволно сличен. Станува збор за Vance Slip-On модел на патики во бела боја. Доколку немаа дискретна етикета со логото на Vance однадвор, овие патики ќе беа идентични со оние што ги носеа конкурентите во серијата Squid Game.

Од 17 Септември, кога серијата започна да се прикажува на Нетфликс, продажбата на патиките Vance Slip-On, скокна за неверојатни 7.800%! Многумина наведуваат дека лудоста за овој модел се појавила поради фактот што многу луѓе ,,одлучиле” да се маскираат како ликови од серијата Squid Game за Ноќта на вештерките (31 Октомври). Ако ова е и ваш план, ви препорачуваме да ги набавите вашите пар патики што е можно поскоро, додека тие се уште не се распродадени. Нивната цена е 50 долари.

Евротип
Евротип
To Top