Новости

Занимливости

Овие родители имаат 21 дете, а и планираат уште многу повеќе од тоа!

Турчинот Галип Озтурк е богат човек, верпјатно во секоја смисла на зборот. Покрај тоа што е милионер, има и 30 деца. Само минатата година, благодарение на сурогат мајките, тој имал 21 дете, а има и девет деца од претходната врска.
Галип (57) и неговата сегашна сопруга Кристина (24) досега на сурогат мајките им исплатиле 168 000 евра.

И тоа не е крај бидејќи овој пар сака да има 105 деца.

– Моите девет деца живеат и работат во Турција. Моето најмладо дете има 12 години, а најстарото 34 години.

Дури и мојот 12-годишен син работи, продава зеленчук и јајца. Моите деца ми помагаат во бизнисот.

Со текот на времето, тие стануваат сè подобри во него. Секој работи!”, откри Галип во интервју за Форбс минатата година.

Со Кристина, која е по потекло од Русија, де зачознале на грузиското летно одморалиште Батуми.

Таа, исто така, имала шестгодишна ќерка, Викторија, од претходната врска, која исто така живеела со нив.

Тие го добија своето прво сурогат бебе во Март минатата година:

– Сонував за ова уште од детството. А и мојот сопруг сонуваше и за големо, среќно семејство.

Откако се запознавме, започнавме да го реализираме нашиот сон. – вели мајката.

Кристина и Галип им плаќаат на сурогат мајките 8.000 евра по бременост, а 16 дадилки со полно работно време кои земаат плата од нешто повеќе од 400 долари им помагаат да се грижат децата.

Сите имаат слободни два дена и живеат во спални во близина на децата. Секоја недела, семејството добива 20 големи пакети пелени и 53 пакувања адаптирано млеко за бебиња, за што им се потребни од 4 до 5.000 евра.

Евротип
Евротип
To Top