Новости

Занимливости

Овие четири хороскопски знаци ќе доживеат целосен пресврт во крајот на ова лето

Август е при крај, што значи дека доаѓа нов лунарен циклус.  Во овој период многу активен ќе биде и Марс, планетата на акцијата, енергијата и огнот. Можно е да бидеме малку раздразливи поради неговата енергија, а зад се е фактот дека Марс си поигрува со нашето трпение. Но, сето тоа може да не поттикне и да се соочиме со нерешени стравови и несигурности.

На веб-страницата metropolitan.si издвојуваат четири астролошки знаци на кои најмногу ќе влијае оваа млада месечина.

Девица

Со оглед на тоа што младата месечина сега е во вашиот знак, не е изненадување што силно ќе го почувствувате нејзиното влијание.

Идеално време за Девиците е да се фокусираат на себе и да размислат како подобро да се грижат за себе.

Стрелец

Последните неколку месеци родените во овој знак се поповлечени од вообичаено. Во исто време, Стрелците размислуваат многу за тоа кој би можел да биде нивниот следен чекор во животот.

Овој период е одлична можност да ја спроведете теоријата во пракса и да преземете нови предизвици со знаењето што неодамна сте го стекнале за себе.

Риба

Луѓето родени под овој хороскопски знак се сметаат за сонувачи, но трезвената енергија на Девицата ќе им помогне да се симнат на земјата и да станат малку самокритични.

Можеби на почетокот ќе се чувствувате малку лошо, но на овој начин многу подобро ќе си ги поставите целите и полесно ќе ја планирате иднината.

Близнаци

Близнаците ќе го почувствуваат влијанието на Месечината главно во областа на домот и семејството. Можеби ќе почувствуваат потреба да се вратат на своите корени и на тој начин подобро да се запознаат.

Контактот со минатото ќе им помогне на Близнаците подобро да се разберат себеси, да ги обработат минатите чувства и да свртат нов лист.

Евротип
SNBROKER
To Top