Новости

Занимливости

Овој Французин ја тужел фирмата и го доби правото да не учествува во „забавни“ активности по работното време

Многумина едвај чекаат да им заврши работното време и да можат да уживаат во „забавните“ активности после тоа. Но, на овој французин не му се допаѓала таа идеја, а поради тоа тој добил отказно решение од страна на фирмата.

Познат како „Господин Т. бил отпуштен во 2015 година затоа што не сакал да учествува во забавни активности после работа во париска фирма, односно одбил да излезе на пијачки и тим билдинг со своите колеги. Официјалната причина била „професионална неспособност и одбивање да учествува во тим билдинг“.

После тоа, Господи Т. сепак возвратил на ударот и не стоејќи со скрстени раце, му покажа на светот дека секој има право да прави што сака, па ја тужел истата компанија и ја донел на суд, тврдејќи дека тие активности вклучуваат „алкохолизам, промискуитет и принудување на разни активности“ во кои тој едноставно не сакал да учествува. Тој тврдел дека има право на критичко мислење и отфрлање на политиката на компанијата која го принудува на ексцеси.

Судот го прифати неговото барање бидејќи неучеството во тимските активности било дел од официјалната причина за отказот и утврди дека компанијата не може да го присили да учествува на семинари и пијалоци после работа, доколку тоа заврши со алкохол.

Поранешната компанија треба да му исплати на г-дин Т. 3 илјади евра отпремнина, а судот го разгледува неговото барање за доплата од 461.406 евра.

Евротип
SNBROKER
To Top