Новости

Занимливости

Од каде потекнува идејата за меден месец?

После свадбената венчавка, стресот околу свадбата, фустанот, оделото, декорациите, музиката, организацијата, гостите и што уште не, следи медениот месец. Нешто во кое младите конечно се опуштаат. Но, од каде потекнува оваа идеја, практика или тренд?

Според речникот Мериам-Вебстер, терминот меден месец доаѓа од идејата дека „првиот месец од бракот е најсладок“, па оттука мед (сладок) и месечина (се однесува на календарскиот месец).

Терминот „меден месец“ првпат бил употребен на англиски јазик во 1546 година, но практиката да се оди на патување по венчавката станала вообичаена практика на Запад дури во 19 век. Во Велика Британија станало еден вид тренд елитните парови да одат на „брачна турнеја“ по венчавката, обично со семејството и/или пријателите, за да ги посетат оние кои не можеле да присуствуваат на нивната венчавка. Тоа бил обичај што брзо се раширил низ Европа.

Современиот тренд на заминување во странство на меден месец започнал како дел од притисокот кон широко распространет туризам. Од овој момент медениот месец стана задоволство и уживање за младенците. На почетокот, најпопуларните дестинации за младенците биле Италија и Француската ривиера, а повеќето меден месец започнувале вечерта на венчавката.

Она што е важно денес е токму целта на медениот месец – Уживање во привите мигови во бракот каде треба да се поврзете и љубите каде и сте.

Евротип
SNBROKER
To Top