Новости

Занимливости

Откриен е древен прстен кој штити од мамурлук

Изгледа дека со мамурлукот се справувале многу генерации пред нас и таа позната битка против него или потрага по совршениот лек после пијанство, трае со векови.

Се верувало дека аметистот (скапоцен камен) може да ги спречи штетните ефекти од консумирањето премногу алкохол.

Чуден прстен е откриен за време на ископувањата во израелскиот град Јавна, во близина на најголемата винарија досега откриена во византискиот период, пишува CNN, повикувајќи се на израелски археолошки извори.

Во соопштението за медиумите, археолозите наведуваат дека прстенот се носел многу одамна, бидејќи луѓето верувале дека овој камен може да ги спречи штетните последици од консумирање премногу алкохол.

– Многу поволни ефекти се поврзани со аметистот, дури и оној поврзан со лекувањето на мамурлакот, изјави археологот Амир Голани.

Златниот прстен украсен со аметист бил познат и модерен во општеството на антички Рим, а можно е овој прстен, кој е најнов меѓу пронајдените, да му припаѓал на еден од претставниците на елитата што живеел во градот во третиот век од нашата ера, се вели во соопштението за јавноста.

Ели Хадад, водачот на ископувањата, рече дека предметот можеби „му припаѓал на сопственикот на величественото складиште (вино), менаџерот“ или на некој „несреќен посетител кој го изгубил својот скапоцен прстен“.

„Веројатно никогаш нема да дознаеме дали личноста што го носела прстенот сакала да ги избегне последиците од пиењето големи количини вино“, рече Хадад.

Аметистот не е единствениот антички лек за мамурлак кој е заборавен.

Во 2015 година беше откриен антички грчки лек, опишан на папирус стар 1.900 години, кој препорачува носење ѓердан од ловорови лисја како „лек за главоболка поради пијанство“, пишува Live Science.

Евротип
Евротип
To Top