Новости

Занимливости

Откритие кое ги замисли археолозите – Пронајдени скелети на пет мамути од ледената доба!

Во близина на англискиот град Свиндон, на изненадување на археолозите и палеонтолозите, откриени се скелети на пет мамути од времето на леденото доба, добро сочувани.

Откопани се големите останки на двајца возрасни, две мали и едно бебе кое залутало пред 200.000 години, заедно со алатките што ги користеле неандерталците, кои веројатно ги ловеле овие животни тешки 10 тони.

Според „Гардијан“, се очекува да бидат пронајдени уште остатоци, бидејќи само дел од огромниот локалитет, каменолом за чакал, е ископан, а судејќи според квалитетот на наодите, локалитетот е „рудник за злато “.

Се наведува дека овој изум ќе понуди нови индиции за тоа како нашите предци неандерталци живееле во тешки услови на територијата на денешна Велика Британија за време на леденото доба, период од праисторијата за кој малку се знае.

Еволутивниот биолог и професор Бен Гарод рече дека ова е едно од најважните откритија во британската палеонтологија.

Тој исто така посочи дека е многу важно што сега можеме да знаеме како климатските промени се одразиле на животната средина, екосистемите и растителните и животинските видови.

Извор: 24sedam.rs

Евротип
SNBROKER
To Top