Новости

Занимливости

„ОЧАЈНО НИ Е ПОТРЕБНА УМЕТНОСТ“ – ВОСХИТУВАЧКИ ДЕЛА НАПРАВЕНИ ОД ЛЕГО КОЦКИ

Нејтан Савеја бил адвокат по професија, но водејќи се по мотото дека никогаш не е доцна да се прави она што се сака во животот, тој станува уметник и навистина го фасцинира светот.

Имено, Нејтан, од лего коцките кои ги знајме како играчки, прави фантастични уметнички дела на кои им се восхитува целиот свет. Моментално се случува неговата изложба „The Art of The Brick“ во Милано и ќе трае до 28 Август.  Неговата изложба е најбарана во светот, затоа што е евидентно дека тој е уникатен во прикажувањето. Уметникот има неверојатна способност да додава трета димензија на расположение, чувства, како и фактот дека знае да пренесe изрази на лицето на луѓето и се разбира да создаде неверојатни детални уметнички дела преку лего коцки.

„Ако се прашувате зошто користам лего коцки, одговорот е едноставен: тоа е забавно, а никој друг не го направил тоа на овој начин. Навистина сакам да создавам уметнички дела бидејќи тоа ме прави исполнет“, вели уметникот.

Огромниот диносаурус е едно од најпознатите дела на Нејтан и претставува ремек-дело на виртуозност. Долг е седум метри и за него се употребени 80.000 лего коцки, додава Фабио ди Џоха, кустос на изложбата.

„Очајно ни е потребна уметност. Се надевам дека оваа изложба ќе ве инспирира да создавате, бидејќи не заборавајте дека уметноста навистина може да биде се, нема правила, можете да создавате со кој било материјал. Јас избрав лего коцки, а вие можете да изберете што сакате. И не заборавајте, се започна со една коцка“, вели уметникот Нејтан Савеја.

Извор на фотографии: Print screen/youtube

Евротип
SNBROKER
To Top