Новости

Занимливости

Очилата за сонце се носеле во средновековна Кина поради оваа специфична причина

Каде ќе бевме без Сонцето? Според списанието How It Works, без сончевата топлина, сите океани би замрзнале за околу две недели. Единствениот преостанат извор на топлина би бил јадрото на земјата, што во никој случај не е пожелно сценарио.

Човештвото отсекогаш се потпирало на сонцето, но во исто време се чувало од него. Кога денес носиме очила за сонце, тоа не го правиме само за да изгледаме тренди и модерно, туку пред се за да ги заштитиме очите од штетните сончеви зраци.

Меѓутоа, во Кина, пред околу осум века, очилата за сонце имале сосема поинаква намена. Имено, тие најмногу ги носеле судиите при разни спорови и судења, со единствена цел да ги скријат очите од присутните во судницата. Зошто ги носеле?

Па, тие наводно сакале да ги спречат другите да ги читаат нивните размислувања за соодветниот судски спор и учесниците во овој процес врз основа на нивните изрази на лицето. Така, нивната цел била да изгледаат непристрасно.

Во тоа време во Кина, таквите очила за сонце се нарекувале Аи Таи, што може да се преведе како: „темни облаци што го покриваат сонцето“. Бидејќи биле направени од кварц, можеле да се користат и надвор за заштита на очите од сончевите зраци, а свое место имале и во разни ритуали.

Интересно е што и денес некои луѓе сепак понекогаш носат очила за сонце внатре, а не од здравствени причини. Тоа го прават главно поради некои психолошки фактори или, на пример, за да сокријат големи темни кругови или некои други знаци на претерување во ноќниот живот. Но, исто така, очилата сонце можеме да ги видиме и кај натпреварувачите на покер, со цел да не се открие нивното ,,евентуално” блефирање.

Евротип
SNBROKER
To Top