Новости

Занимливости

Паб во Ирска на гостите им наплаќа по две евра секогаш кога ќе сe спомне зборот „ковид“

„Лудилото“ со коронавирусот не престанува, па влијае во секој домен. Ако размислиме, не поминува ден без да го споменеме терминот „ковид“.

Така, еден паб во Ирска одлучи да им наплаќа на своите гости за секое спомнување на коронавирусот и пандемијата.
На шанкот ставиле пластична чаша во која секој што ќе го спомне зборот „ковид“ мора да стави по две евра. Се започна како шега, но на крајот се претвори во добро дело.

Менаџерот на Alt Bar Кристофер Мур изјави за „RTÉ News“ дека веќе се собрани 280 евра и дека целиот приход оди во локалната болница во Донегал.

„Бидејќи ги служиме гостите по масите, се вклучуваме во сечиј разговор и знаеме за што зборуваат сите. Без разлика за што и да почнат да зборуваат, се се врати околу корона вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборуваат за други теми, макар и за времето на пример.“, рече Мур.
После тоа, тие ја започнаа кампањата GoFundMe.

„Започна како забава и се претвори во добар начин да се соберат средства за добра цел. Собираме пари за да му помогнеме на локалната болница, па секоја донација ќе помогне“, напишаа од ресторанот.

Евротип
SNBROKER
To Top