Новости

Занимливости

Потег за аплауз – готвач од Белград, оди во домовите и бесплатно готви

Мијат Милаков е 29 годишен готвач од Белград кој после откажувањето од работата во кујна, со оглед на пандемијата и неможноста на некои семејства да ги направат своите омилени рецепти, се пријавил да оди во домовите на семејствата и бесплатно да им готви. Еве што напишал на својот профил. Според нас, овој потег  за голема пофалба и е уште еден доказ, дека доброто во светот сеуште постои.

„Здраво пријатели, бидејќи се откажав од рестораните и угостителство, а сè уште имам страст за готвење, дојдов до идеја да готвам за вас дома бесплатно, само за чисто задоволство: Ако сакате да воодушевите некого, да пробате нешто ново, нешто старо или ако мразите да готвите или едноставно не знаете, доаѓам на вашата адреса, не е важно дали сте од Белград. Правилата се едноставни, мора да бидете повеќе од 3 или помалку од 7 лица. Вие ги земате намирниците, мое е да готвам …. Планот е да им донесам на луѓето малку позитивна атмосфера, нови пријателства и искуства додека чекате подобри времиња.“

Мијат е инаку 12 години во кулинарството и е свесен за своите неверојатни способности, па низ смеа вели:„Јас не сум обичен готвач, јас сум одличен готвач!“ Тој не очекувал толку голем одзив на неговиот предлог и  е пресреќен околу тоа.

Евротип
Евротип
To Top