Новости

Занимливости

Првата жена од Обединетите Арапски Емирати, ќе биде испратена во вселената

Како дел од забрзаните подготовки за освојување на вселената, Обединетите Арапски Емирати ја избраa првата жена, која ќе биде испратена како кандидат за астронаут за обука во американската НАСА.

Државјанката на ОАЕ, Нора Aл-Матруши има 27 години и има завршено машинско инженерство. Во моментов е вработена во Националната градежна компанија за нафта и таа ќе се приклучи на годинашната класа учесници во програмата на НАСА, како кандидат за астронаут.

-Настојувам да работам напорно за да ги забележам овие историски моменти засекогаш во меморијата на нашиот народ! – вели таа.

GOLD
To Top