Новости

Занимливости

Прва фотографија од огромна црна дупка на средината на Млечниот Пат

За прв пат, научниците успеаја да фотографираат огромна црна дупка во средината на нашата галаксија – Млечниот пат.

Позната како Sagittarius А, масата на оваа црна дупка е милиони пати поголема од масата на Сонцето.

Според Би-Би-Си, на средината на сликата има темен дел и тоа е местото каде што се наоѓа дупката, а опкружена е со светлина која доаѓа од многу загреани гасови чие движење е забрзано со огромна гравитациска сила.

За споредба, прстенот е приближно со големината на орбитата на Меркур околу нашата ѕвезда, односно орбитата по која Меркур патува движејќи се околу Сонцето. Тоа се околу 60 милиони километри.

За среќа, додава Би-Би-Си, оваa црната дупка е многу далеку од нас, оддалеченa околу 26.000 светлосни години и не постои можност да не загрози.

 

Евротип
SNBROKER
To Top