Новости

Занимливости

Може да го излажете секој, ама вашата потсвест, не! Направете го овој тест и уверете се во тоа!

Не брзајте со заклучоци околу вашиот карактер, вашиот однос кон светот, вашите ставови, вашите емоции. Доколку сте во двоумици, што понатаму, кој сте и што точно чувствувате, направете го овој тест од Сигмунт Фројд кој бил голем психолог.

Одговорете на следните прашања, земете лист хартија и пенкало, седнете опуштете се и бидете реални кон себе си. Не размислувајте многу околу одговорите и напишете го првото нешто што ќе ви дојде на памет. Овој тест ќе ви помогне подобро да се запознаете, да добиете објективна проценка на вашите ставови и емоции и да одлучите како да ги користетите истите понатаму.

А сега, земете лист и пенкало и одговорете на следните прашања

  1. Гледате во море (запишете го првото нешто што го чувствувате. Можете да ги затворите очите)
  2. Чекорите низ шума и гледате долу во вашите нозе (како се чувствувате? Што гледате? Времето на одговор да не е повеќе од 30 секунди)
  3. Пред вас има јато од галеби. (како се чувствувате?)
  4. Гледате стадо коњи. (напишете прво како се чувствувате, не размислувајте долго)
  5. На сред пустина, гледате ѕид со мал отвор, зад кој стои оаза (во овој случај, не пишувајте што чувствувате туку што ќе направите)
  6. Повторно пустина. Уморни сте од долгиот пат. Гледате чаша со вода (Што правите? Можеби е банално, но напишете го одговорот на хартија)
  7. Се изгубивте во шумата. Веќе се стемнува. Гледате куќа со осветлен прозорец (Што правите? Напишете)
  8. На секаде околу вас има магла. (Како ќе постапите? Како ќе се однесувате?)

Резултати:
1. Вашиот став кон животот, емоциите, чувствата.

2. Како се чувствувате во вашето семејство.

3. Вашиот став кон жените.

4. Вашата врска со мажите.

5. Вашата основна животна стратегија, цел. Како ги решавате вашите проблеми.

6. Вашиот сексуален живот. Избор на партнер.

7. Вашата подготвеност за брак.

8. Вашиот став кон смртта.

Се разбира, не мора да се согласувате со резултатите. Но запомнете само една работа:„ Можете да го измамите кого сакате, но никогаш не можете да го направите тоа со вашата потсвест!“

GOLD
To Top