Новости

Занимливости

Вирус кој бил предизвикан од танцување – Прочитајте повеќе за таканаречениот феномен „танцувачка пандемија“

Денес, знаеме дека човек танцува кога е среќен. Се танцува само во одредени места, за одредени пригоди, семејни веселби, забави, по ноќни клубови и слично. Но, сте знаеле ли дека многу одамна, постоела масивна хистерија штом станува збор за танцувањето. Па така, само што ќе слушнеле музика, луѓето започнувале да играат се дури…Се дури не умрат!

Се случувала таа т.н. танцувачка манија или танцувачката чума. Луѓето играле по улиците се додека не умрат.

Сепак има доста контраверзии околу ова и не е докажано, но интересен е фактот што имало многу жртви во тоа време и сите случаи завршувале исто – играјќи. Ова се случувало во далечна 1518 година, а постојат и книги околу овој „феномен“.

Се претпоставува дека танцувањето било „психоза предизвикана од стрес“ на масовно ниво. И бидејќи регионот каде што луѓето танцувале бил преполн со глад и болести, па тие не умирале од играње, туку токму од тие причини. Но, има и друго мислење, дека градските власти ја користеле оваа ситуација, па со оглед на тоа што жителите биле склони на суеверие, им наметнале тие секогаш да претпоставуваат дека умираат од танцување. Тоа била т.н. танцувачка хистерија, а луѓето верувале дека нивните тела ги контролираат некои зли духови, некои божевства. Верувале дека тоа било пандемија, наречена танцување.

Па нам и не ни е баш лоша оваа идеја, ако веќе одлучил крајот да ни се приближи. Корона вирус или вирус од танцување? Епа тоа ти се вика, да умреш од танцување.

Евротип
Евротип
To Top