Новости

Занимливости

Професионални спијачи, колекционери на змиски отрови – Прочитајте за некои од најчудните професии во светот!

Колекционер на змиски отров

Работата на колекционер на змиски отров бара голема храброст, умешност и добро познавање на отровни змии. Работата на овие луѓе е да фаќаат змии и да земаат отров од нив со цел да направат противотрови или други лекови.

Професионални ,,спијачи”

Хронично непроспиени луѓе можеби би сакале да започнат да работат како „професионални спијачи“ во хотел во Финска. Овие луѓе се должни секоја вечер да преспиваат во една од собите во хотелот и утрото да ги кажат своите забелешки.

Тажалки по погреби

Има професијата во Југоисточна Азија што сè уште може да се најде и на некои места во нашата земја. Станува збор за професионални ,,тажалки” кои семејството ги ангажира за да плачат силно за време на погреб.

 

,,Тестери” за сушење на боја

Во Велика Британија, постои професија наречена „чувари за сушење на боја“. Работата на овие луѓе им е да ја нанесат бојата на картонските листови за да тестираат колку време е потребно да се исуши бојата и да ги следат сите промени во во неа и во нејзината текстурата.

Гледач на серии на Нетфликс

Веќе од минатата година, повеќето луѓе на планетата можат да се пријават за да бидат „гледач на серии на Нетфликс“. Со сигурност можеме да кажеме дека многу од нив имаат огромно искуство во тоа.

Нетфликс, засега, плаќа една личност која мора да ја прегледа целата своја содржина пред таа да стане достапна за јавноста и да и додели точна ознака на секоја, така што гледачите полесно ќе се движат и ќе ја пронајдат содржината што сакаат да ја прегледаат.

,,Морски” доставувач на пица

Бидејќи има подводен хотел на Флорида, доставувачите на пица мора да бидат обучени нуркачи, кои доставуваат пица во водоотпорни вреќи.

Професија ,,Туркач” 

Сериозно?

Воопшто не е лесна, ниту интересна, професијата „туркач“ во Јапонија. Ги нарекуваат „ошии“ и нивната работа е да туркаат што повеќе луѓе во возот додека не се затвори вратата.

Дегустатори на храна за кучиња

Верувале или не, храната за кучиња не ја тестираат кучиња, туку луѓе. „Дегустаторот на храна за кучиња“ мора да ги испроба сите нови производи, кои вклучуваат коски, конзервирано месо или бисквити. Тие го прават ова за да ги тестираат вкусот и текстурата во споредба со ривалските марки за храна за кучиња и храна за луѓе.

 

СН Брокер
To Top