Новости

Занимливости

Рекордни 433 добитници на лотарија на Филипините – Истрагата е во тек?

Рекордни 433 добитници беа извлечени за џекпот на националната лотарија на Филипините, што поттикна сомнеж и повик за истрага.

Ова е најголемиот број на добитници на големата награда во играта „Гранд лото“ во историјата, пренесуваат локалните медиуми.

Добитната комбинација за наградата од околу четири милиони долари минатиот викенд се состоеше од низа броеви кои сите се деливи со девет. Водачот во Сенатот Коко Пиментел повика на истрага за „сомнителните“ резултати.
Еден експерт изјави за Би-Би-Си дека шансите за толку голема група победници се еден спрема „еден на 1.224 нули“.

„Не знам како да го изговорам тој број бидејќи е толку голем. Бројот на молекули во познатиот универзум е 80 нули“, вели професорот по математика на Универзитетот на Филипини, Гвидо Дејвид.

Учесниците на играта „Гранд лото“ избираат шест броеви од 1 до 55. За да го освои џекпотот, играчот мора да ги погоди сите шест извлечени броеви од организаторот на лотаријата.

„Овие лото игри имаат одобрение од Република Филипини. Затоа треба да го зачуваме и одржиме интегритетот на игрите на среќа“, рече претставникот Пиментал и повика на истрага за овој необичен резултат.

Евротип
SNBROKER
To Top