Новости

Занимливости

Родила седум деца и со тоа стана првиот феномен во историјата – Како изгледаат тие денес?

„Господ им ја одреди судбината“ – вака денес изгледаат првите родени седум деца во историјата!

Кени Мекој и нејзиниот сопруг Боби од Ајова не се разликуваа од другите семејства: имаа хармоничен брак и една ќерка. Во 1997 година Кени забременила, но кој би рекол дека ќе донеси на свет дури седум деца! Еве како денес изгледаат првите седум родени деца во историјата!

Бидејќи имале проблеми со зачнувањето пред првото дете, после тоа решиле да пробаат третман со урофолитропин, за да бидат сигурни дека следниот пат ќе имаат деца. Тоа е лек кој ја стимулира овулацијата со цел да ја зголеми шансата за оплодување. А потоа, следел настан кој ги запишува во историјата: дури седум ембриони биле зачнати, а Боби и Кени набрзо станаа родители на првите седум што преживеаја!

„Секогаш ќе се сеќавам на денот кога дознавме дека ќе имаме седум деца. Тоа не беше само радост, имаше и многу сомнеж и страв. Сепак, Бог ја одреди нивната судбина.“ – вели мајката.

Таа додала дека докторот ја советувал да абортира четири, за три деца да имаат шанса да преживеат. Но, Кени не го послушала.

„Не беше лесно, имаше многу ризици: бебињата се родени предвреме и беа многу малечки.“ – се сеќава храбрата мајка што родила три девојчиња и четири момчиња во 1997 година.

Како што предупредија докторите, две деца имале церебрална парализа и гастроезофагеална рефлуксна болест, па морале да бидат преку цевки. Но, по операциите, тие успешно оделе.

Благодарение на донации и помош беа обезбедени пелени за бебињата, храна и опрема. Им донирале дури и голема куќа во која живееле сите!

Уште подобра вест е што неколку универзитети понудиле и стипендии за школување. А децата? Завршиле факултет и денес го водат својот живот одвоено.

Кени и Боби изјавија дека се чувствуваат осамено откако нивните наследници одлучија да одат на колеџ. Рекоа и дека едвај чекаат да добијат внуци.

„Најдобрата одлука што ја донесов во мојот живот е да ги задржам сите бебиња.“ – аклучува мајката.

Извор на насловна фотографија: You Tube /printscreen 

Евротип
SNBROKER
To Top