Новости

Занимливости

Романтична, чудесна и мистична! – Занимливости за есента што можеби не сте ги знаеле

Есента има посебна убавина. Есента е романтична, поетична, мистична…Еве неколку занимливости кои можеби не сте ги знаеле за неа.

Еве зошто лисјата ја менуваат бојата

Бидејќи деновите се пократки во текот на есента, дрвјата почнуваат да се подготвуваат за зима. Ова значи дека ја намалува количината на хлорофил во нивните лисја, и како резултат на тоа, ја менуваат бојата.

Така се појавуваат жолти, портокалови и црвени нијанси. И колку се поцрвени лисјата, толку повеќе шеќер содржат. Зимзелените дрвја не ја менуваат бојата, бидејќи нивните игли се покриени со восок кој штити од студ.

Луѓето родени во овој период од годината живеат подолго

Многу студии покажаа и докажаа дека луѓето родени во есен живеат подолго од оние кои се родени во друга сезона. Така, повеќето стогодишници се родени во текот на Септември, Октомври и Ноември.

њжз

24 Септември

Општо е познато дека есента започнува секоја година на 22 или 23 септември. Но, тоа не е секогаш случај, особено кога се зема предвид Грегоријанскиот календар и орбитата на Земјата. Затоа есента понекогаш започнува на 24 Септември. Последен пат тоа се случи во 1931 година, а следниот пат ќе биде 2303.

Легендата за есента вели…

Според грчката митологија, есента дојде кога богот на подземјето – Хад, ја украл Персефона и ја направил негова сопруга. Бесната Деметра – божицата на плодноста, жетвата, а во исто време и мајката на Персефона, ги уништила сите посеви додека не се врати нејзината ќерка. Во тој момент, започнала пролетта.

Зголемување на телесната тежина

За ова не се одговорни само вкусните пити од јаболка и тиква, туку и недостатокот на витамин Д. Имено, се покажа дека недостатокот на овој витамин го отежнува распаѓањето и складирањето на маснотиите повеќе во телото.

Поврзаноста со духови

Да не го заборавиме популарниот есенски празник – Ноќта на вештерките. Традицијата за костими поврзани со неа датира од Келтите, бидејќи тие верувале дека маскирањето во некој друг ќе ги заштити од духови.

Кога вервериците складираат и кријат храна за време на есента, нивниот дел од мозокот одговорен за меморијата и емоциите се зголемува за 15 проценти. Благодарение на тоа, тие подоцна се сеќаваат каде ги оставија оревите.

На некои места, есента никогаш не пристигнува

Доаѓањето на есента го чувствуваат повеќето луѓе, но не и оние што живеат во тропските предели, како што се Карибите. Температурите таму се секогаш повисоки, така што нема класични есенски денови.

Паднатите лисја носат среќа

Суеверните луѓе веруваат дека колку што суви лисја ќе фатите во моментот кога тие ќе започнат да паѓаат од дрвото, толку среќни месеци во годината ќе имате.

Љубовта цвета

Кон крајот на есента и почетокот на зимата, луѓето почесто стапуваат во љубовни врски. Во голема мера поради зголемениот тестостерон и потсвесниот мотив да се поврзеш со некого пред да се случи делумна изолација поради доаѓањето на студените зимски денови.

Евротип
Евротип
To Top