Новости

Занимливости

Руската вакцина ги штити сите, имунитетот трае 2 години

Александар Гинсбург, директор на рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, соопштил дека Спутник В, вакцината против ковид-19 развиена од тој центар, покажала исто ниво на ефикасност кај сите возрасни групи.

„Спутник В покажа исто ниво на ефикасност кај сите возрасни групи. Првично, постоеја сомненија дека вакцината би можела да биде помалку ефикасна за луѓето постари од 60 години, бидејќи нивниот имунолошки систем е помалку активен и може да произведе послаб имунолошки одговор. Меѓутоа, ништо од тоа не се потврди и овој препарат добро дејствува на луѓето и на возраст од 60., 70. и 80 години“, рекол Гинсбург за Јутјуб-каналот на „Соловјов лајф”“.

Според неговите зборови, сите вакцинирани лица покажале добар имунолошки одговор и висока подносливост на вакцината, а нејзиниот ефект може да трае и повеќе од две години, пренесува Тасс.

Масовната вакцинација на возрасната популација против новиот коронавирус во Русија започна на 18 јануари, а сете можат бесплатно да се имунизираат со една од двете регистрирани вакцини „Спутник В“ или „ЕпиВакКорона“, наведува агенцијата.

GOLD
To Top