Новости

Занимливости

Село кое ги збуни научниците: Во него се раѓаат само девојчиња, кој ќе роди момче ќе биде богато награден

Додека научниците се обидуваат да го објаснат овој феномен, властите на ова место им нудат богати награди на сите родители кои раѓањаат синови.
Помина повеќе од една деценија откако се роди последното момче во полското село Mijejsce Odrzanskie, а последните 12 бебиња беа девојчиња.

Недостигот од момчиња е толку акутен што градоначалникот понуди парична награда за првото семејство кое ќе роди син. Светските медиуми побрзаа во село недалеку од чешката граница за да истражат необичен феномен.

Селото е пред се земјоделска заедница со нешто помалку од 300 жители. Според матичната книга на родените, таму од 2009 година се нема родено момче. Повеќето семејства со кои новинарите разговараа изјавија дека имаат ќерки, често и повеќе од една.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by O Verdoso (@o_verdoso)

Се прашуваат кој ќе ги работи земјоделските работи во иднина, особено во летниот период кога има многу работа на нивите, а повеќето од нив ги работат девојки и млади жени.

Во селото нема училишта, кафулиња, ресторани или продавници, а често се потребни часови пред да помине автомобил низ улицата.
Ова полско село пред неколку години заврши на насловните страници на многу светски медиуми кога нивниот млад противпожарен тим од девојки се истакна на регионално натпреварување во кое отсекогаш учествувале само момчиња.

Многу љубители на необјаснивото би сакале да видат некоја поспектакуларна причина зад целата приказна, но анализите ни покажуваат дека статистички е навистина можно работите да се случат само на овој начин. За што и да се работеше, жителите на ова место конечно го прославија раѓањето на момче кое со доаѓањето на светот стана своевиден херој.

Евротип
SNBROKER
To Top