Новости

Занимливости

Се продаваат куќи за помалку од еден долар: Хит понуда во Хрватска

Леград, тешко погоден од депопулацијата, продава напуштени куќи за една куна во обид да привлече нови жители, но со одредени услови, пишува Ројтерс во написот посветен на овој мал град во северна Хрватска, во близина на границата со Унгарија.

Се претворивме во пограничен град со малку сообраќај кон други места. Населението драстично се намалува, изјави градоначалникот на Леград, Иван Саболиќ, за Ројтерс.
Во Леград, живеат околу 2.250 жители, додека пред 70 години имало двојно повеќе.

Во ова место, од кое луѓето бегаат со децении, сега се продаваат напуштени куќи за една куна или 0,13 евра во обид да се привлечат нови жители, но постојат одредени услови.

Во ова место, опкружено со зелени полиња и шуми, веќе се ставени на продажба 19 празни куќи по цена од една куна (0,13 евра) и досега се продадени 17 недвижнини.

Меѓу понудените куќи, некои се речиси урнати, немаат прозорци и врати, а ѕидовите се покриени со мувла.

Општината најавува дека ќе плати 25.000 куни за сите потребни адаптации, а градот ќе им помогне на новите жители кои сакаат да купат приватни куќи со 20 проценти од куповната цена, или до 35.000 куни.

Клучните услови за аплицирање се поединците или двојките да се финансиски стабилни и да се помлади од 40 години. Тие исто така треба да останат да живеат таму најмалку 15 години.

Саболиќ вели дека понудата привлекла голем интерес и кај луѓе од странство.

-Откако медиумите известија за нашата акција, добивме барања за купување куќи од многу далечни места како Русија, Украина, Турција, Аргентина или Колумбија и додаде дека сепак не е лесно странците да емигрираат во Хрватска. Затоа ние се држиме до локалното население, рече тој.

Евротип
Евротип
To Top