Новости

Занимливости

Се сеќавате ли на Мишел и Ивет од серијата „Aло, ало“? И денес тие се пријателки и еве како изгледаат

Актерката која ја глумеше Мишел во популарната серија “Ало ало!” овие денови го прослави својот 69 -ти роденден, а честитките и ги испрати на Инстаграм нејзината поранешна колешка од серијата, Вики Мишел, која ја гледавме во улогата на волшебната келнерка Ивет.

Серијата “Ало, ало!” припаѓа на категоријата серии што публиката секогаш со задоволство ги гледа кога ќе се емитува овој британски ситком. Серијата имаше девет сезони и беше прикажана на Би -Би -Си од 1982 до 1992 година, и иако многумина првично ја критикуваа серијата дека е направена за да се потсмева на Втората светска војна, авторите на серијата имаа за цел да карикатурираат воени филмови и телевизиски драми.

Актерите што ги гледавме во оваа сега веќе култна серија често истакнуваат дека таа ја одбележа нивната кариера, а еден од споредните ликови на кој публиката добро се сеќава е ликот на Мишел Дебоа, член на Француското движење на отпорот, игран од Британската актерка Кирстен Кук.

Актерката деновиве го прослави својот 69 -ти роденден, а нејзината поранешна колешка од серијата Вики Мишел, која ја гледавме во улогата на волшебната келнерка Ивет, и испрати честитка на Инстаграм. Таа објави и заедничка фотографија.

“Ало ало!” Среќен роденден за тебе, убава Кирстен. Ти си прекрасна пријателка и неверојатна актеѕрка. Многу се забавувавме работејќи заедно. Убав помин со твоето семејство”, пишуваше во честитката на Мишел.

Кирстен порасна во Англија и заврши актерска игра на Академијата за драмски уметности во Лондон. Среќно е омажена и има четири деца.

Евротип
Евротип
To Top