Новости

Занимливости

Снимен е првиот филм за коронавирусот

„Locked Down“ или „Заклучени“ со оскаровката Anne Hathaway во главната улога е првиот официјален филм на HBO во врска со пандемијата за коронавирусот која сеуште трае.

По неодамнешното раскинување, Линда и Пекстон, се принудени да останат под ист покрив и се заклучени во Лондон поради болеста ковид-19. Приказната ги следи овие ликови кои всушност го претставуваат целиот свет и се она што ни се случуваше додека бевме „затворени“ дома.

„Тоа беше возбудливо искуство. Некои луѓе повторно почнаа да пушат во карантин, некои почнаа да пијат за време на ручек, иако тоа никогаш не го правеле,  а ние само ги собравме сите тие искуства и емотивни последици од новонастанатата ситуација која го стопира светот за момент, па направивме филм за тоа“ – изјави актерката.

Во продолжение погледнете го трејлерот за истоимениот филм.

GOLD
To Top